Старлинк, сателитската интернет услуга управувана од компанијата СпејсЕкс на мултимилијардер Илон Маск, вчера се соочи со прекин на функционирањето, што ги погоди корисниците во целиот свет.
Старлинк, сателитската интернет услуга управувана од СпејсЕкс на технолошкиот милијардер Илон Маск, вчера се соочи со прекин што ги погоди корисниците во целиот свет.
Мрежата сега е претежно обновена, а прекинот траеше приближно два и пол часа, изјави Мајкл Николс, потпретседател на Старлинк Инженеринг во СпејсЕкс, во објава што подоцна Старлинк ја преобјави на X.
„Прекинот беше предизвикан од дефект на клучните внатрешни софтверски услуги кои управуваат со основната мрежа. – Ние сме длабоко посветени на обезбедување високо доверлива мрежа и целосно ќе ја истражиме причината за овој проблем и ќе осигуриме дека нема да се повтори“, порача Николс.
Ова не е првпат да дојде до ваков испад на системот.
Старлинк користи мрежа од илјадници сателити кои орбитираат блиску до Земјата, поврзувајќи се со мали кориснички терминали на земјата за да испорачаат брз интернет.