Глобалниот пазар на храна е на пат да генерира приходи од продажба од 370 милијарди евра помеѓу 2020 и 2022 година, постигнувајќи кумулативен годишен раст од 3,1%, според IGD, цитиран од онлајн публикацијата Europe-Re.com.
Тој ќе го следи огромниот раст на трговијата со храна во 2020 година, каде првите 20 пазари ќе остварат приходи од продажба од 235 милијарди евра, што претставува зголемување од 8,8% на годишно ниво.
Забрзаниот раст на поголемиот дел од глобалниот пазар на мало во 2020 година беше поттикнат од промената на потрошувачката на луѓето од „надвор од домот“ кон „домот“, како резултат на ограничувањата заради „локдаунот“.
Индија ќе биде земја со најбрз раст во периодот 2020-2022 година со кумулативен годишен раст од 7,2%. САД ќе останат водечки пазар до 2022 година, предвидува IGD.
На среден рок, Централна и Источна Европа се очекува да растат побрзо од Западна Европа. Растот во Кина ќе остане силен и забрзаната транзиција кон купување преку Интернет ќе продолжи.
Промената во трговијата на мало во Велика Британија ќе задржи некои од своите нови карактеристики, како што се купување преку Интернет и големи купувања за целата недела.
„Економските предизвици се очекуваат во повеќето западноевропски земји во 2021 година, така што трговците ќе мораат да се фокусираат на цената за да останат конкурентни“, рече Џон Рајт, шеф на одделот за Европа, Блискиот исток и Африка во IGD.
„Трендовите пред КОВИД се забрзуваат со пандемијата, што доведе до побрз премин кон купување преку Интернет на повеќето пазари, а тоа стимулираше повеќе инвестиции во овој канал. Во Велика Британија, по остриот пресврт во потрошувачката од прехранбени услуги до трговија на мало со храна во 2020 година, растот на продажбата ќе стане поумерен бидејќи националната програма за вакцинација дозволува повторно отворање на секторот за ресторани и локали“, додаде Рајт.
„Онлајн трговијата ќе го задржи својот голем удел на пазарот, а големиот неделен шопинг ќе остане популарен. Намалувањето на финансиската поддршка и зголемувањето на невработеноста ќе направат некои домаќинства да заштедат на шопинг со намирници, додека други може да трошат помалку со почетокот на враќањето хранењето надвор“, рече тој.