Девет месеци по горештини наталитетот е пониска.

Глобалното затоплување е една од најголемите закани за човештвото, поради покачувањето на морското ниво, поплавите и суши. Сега има нов проблем, кој може да биде додаден во листата – намалување на наталитетот, пишува “Индипендент”. Истражувањата покажуваат дека девет месеци по големи горештини наталитетот е 0,7% понизок отколку по ладни температури, кога за партнерите е поверојатно да зачнат бебе. Ова докажува дека зголемувањето на температурите ја намалува плодноста, го намалува апетитот за сексуален однос или и двете. Екстремно високите температури би можеле да влијаат на нивото на хормоните и сексуалната желба. Оттука, жештина може да влијаат негативно врз репродуктивното здравје или квалитетот на спермата.