Глутенско лице и кожа – кои симптоми откриваат дека сте пречувствителни на глутен

од desk4
369 прегледи

Иако денес има многу средства со кои може да се сокријат разните недостатоци на кожата, погрешно е да се сметаат исклучиво за естетски проблем. Многу неправилности укажуваат на чувствителност на организмот на одредени продукти. Тие можат да предизвикаат здравствени потешкотии како и бројни проблеми со кожата и нејзино предвремено стареење.

 


Бидејќи проблематичните продукти најчесто се тие кои редовно ги конзумураме, со нивното препознавање и отстранување од исхраната се подобрува целокупното здравје, а со тоа и изгледот на кожата.
Типични знаци за пречувствителност на глутен се отечени образи и пределот околу вилицата, како и црвенило, хиперпигментациски дамки и акни.
Иако малку луѓе страдаат од целијаклија (нетолеранција на глутен), многумина се чувствителни на глутен, протеин кој воглавно го има во продукти како пченица, јачмен и рж.
Докажано е дека тој протеин ја зголемува воспалителната реакција во организмот, поради што лицето може да изгледа отечено и воспалено. Глутенот исто така влијае на пигментациските ензими, поради што на кожата прерано се појавуваат старечки и темни дамки, најчесто околу брадата. Хиперпигментацијата или акните на тој дел од лицето исто така се знак за дисбаланс на репродуктивните хормони кои ги предизвукува глутенот.
Препорачливо е целосно да се исфрли глутенот од исхрана на одредено време и да се воведе исхрана со поголемо количество растителни влакна. Обратете внимание на тоа да пиете доволно вода, поради што отеченоста на лицето треба да ја снема, а тенот да се нормализира. Ако имате розацеа, со исфрлањето на продуктите кои содржат глутен може да се ублажи црвенилото и чешањето на образите.

 

Слични содржини