ГН на Холандија доби зелено светло

од Stefanija Kuzmanovska
258 прегледи

Холандското ГП во Формула 1, кое се враќа од пауза од 36 години, доби зелено светло од локалните власти и треба да се одржи помеѓу 3 и 5 септември.

Трката во Зандворт требаше да се врати минатата година, но беше откажана поради првиот бран на пандемијата Ковид-19. Сега домашниот старт за Макс Верстапен не само што ќе се одржи, туку и неговите верни фанови ќе бидат пуштени на трибините. Тие ќе можат да заземаат до 2/3 од капацитетот на патеката и секој што сака да присуствува на трката ќе треба да приложи или валиден Ковид-сертификат или негативен ПЦР тест.

Оваа вест е исклучително добра за возачот на Ред Бул, кој заостанува осум бода зад Луис Хамилтон во борбата за титулата по неговите разочарувачки два старта пред летната пауза.

Слични содржини