Гњатовиќ предупредува: Можеме да се заразиме и 14 дена по приемот на втората доза

од Stefanija Kuzmanovska
283 прегледи

Марија Гњатовиќ, соработник на Институтот за примена на нуклеарна енергија, смета дека големиот број новозаразени е директна последица на релаксацијата на граѓаните, без оглед на процесот на вакцинирање, пренесе „Курир.рс“.

– Важно е да им се објасни на луѓето дека имунитетот не постои само неколку дена по втората доза. Некои можат да се разболат 14 дена по приемот на втората доза. Тоа значи дека сте дошле во контакт со вирусот десет дена порано и немало што да ве заштити – вели Гњатовиќ во „Пулсот на Србија“ и додава дека дури еден месец по втората доза можеме да зборуваме за тоа дали вакцината штити или не.

– Досега немавме сериозни поплаки за која било вакцина – вели Гњатовиќ.

Според неа, докажано е дека постојните вакцини штитат од таканаречениот британски сој на вирусот.

– Вакцината штити од потешка клиничка слика, но советот е да се однесуваме како да не сме ни примиле вакцина. Знаеме дека вакцините се ефикасни, сепак, немаме гаранција дека луѓето кои се заразени нема да го пренесат вирусот, но тоа сигурно ќе биде многу помалку – вели Гњатовиќ.

Слични содржини