Голем број навивачи на Тотенхем се собраа во Лондон пред натпреварот во Премиер лигата против Астон Вила и побараа заминување на претседателот и сопственикот на клубот, Британците Даниел Леви и Џо Луис.
Тотенхем стигна од тим што не толку одамна играше во финалето на Лигата на шампионите, до фаза кога нема игра, нема резултати, ниту поддршка.
Тотенхем ја започна сезоната со три победи, но потоа ја загуби формата и тргна во „слободен пад“.
Навивачите се лути поради лошиот избор на управата и генералната насока во која оди клубот, поради што бараат оставка од членовите на управата.
„Профитот ви е поважен од се!“, беше наведено на еден од транспарентите.
Фановите исто така наведуваат дека клубот не е бренд на компанијата во сопственост на Луис, туку дека е клуб кој им припаѓа на навивачите.
Today is the day. See you at the usual spot from 11 am. pic.twitter.com/kdl1unMx0S
— Enic Out. Profit Over Glory (@todareistodear) October 3, 2021
Да потсетиме, Тотенхем направи спектакуларни резултати под водство на тренерот Маурисио Покетино, но Аргентинецот беше сменет по лошиот старт на сезоната и на негово место дојде Жозе Мурињо.
И тој не се снајде најдобро, па следуваше нова промена и на клупата пристигна Нуно Спирито Санто, кој не успева да ја најде вистинската хемија во тимот.
По шест натпревари, Тотенхем има три победи и три порази, се наоѓа на средината на табелата, далеку од борба за првото место.
Furious Tottenham fans stage protest before home clash against Aston Villa https://t.co/bPaFnUlnw0
— MailOnline Sport (@MailSport) October 3, 2021