Го бојкотира Зеленски: Сите му аплаудираа на украинскиот претседател, освен Орбан (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
199 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одби да му аплаудира на украинскиот претседател Владимир Зеленски пред заедничката фотосесија на лидерите на ЕУ во Брисел.

На видеото се гледа како Зеленски, придружуван од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, им приоѓа на шефовите на земјите-членки на ЕУ. Сите, освен Орбан, му аплаудираат на украинскиот лидер.

За време на говорот на специјалната пленарна седница на Европскиот парламент, Зеленски им се заблагодари на европските лидери за помошта и додаде дека неговата земја е се поблиску до пристапување во Европската унија.

Претходно беше најавено дека претседателот на Украина ќе учествува на самитот на ЕУ во Брисел, кој се одржува од 9 до 10 февруари.

Слични содржини