Го грабнала женска банда и го силувала три дена

од desk3
80 прегледи

 

Изминативе денови медиумите во Јужна Африка пренесуваат еден неверојатен случај на силување на еден помлад маж во режија на женска банда. Несреќниот 23-годишник пронајден е како полугол лежи на една ливада покрај главниот град Преторија. Пред тоа поминал низ страшна торутура организирана од страна на три девојки. Пеколо траел полни 72 часа. 

“Изгледаше исцрпено и истрауматизирано”, рекле од полицијата. После тоа откриле и детали од овој бизарен случај на силување. Се започнало како што пренесува британскиот  “The Sun”,  кога мажот одлучил да го подели таксито со девојките.

“Во сред возење таксистот одлучил да ја промени турата, а момчето замолило да седне на местото на совозачот. после тоа една од девојките му забила инекција со непозната супстанца во грбот, рече портпаролката на полицијата  Kolet Velbek, пренесва  “Jutarnji.hr”. Момчето супстанцата го заспала, а се разбудил во кревет во некоја непозната соба. “Почнале да се редат на него. Секој пат кога ќе завршел со една , го терале да пие енергетски пијалоци, пред да дојде друга на ред,  рекла Velbek. Несреќникот и се пожалил на полицијата дека не му дозволувале да спие и дека константно го налевале со енергетски пијалоци полни три дена.  “Престанав да броијам колку пати ме силуваа”, изјвило момчето. Од полицијата напоменале дека работат на случајот и дека се обидуваат да откријат дали има уште жртви на оваа женска банда, за чии членови сеуште се трага.