Го исклучиле фрижидерот со вакцините за да го наполнат телефонот

од Stefanija Kuzmanovska

Клиника во Киргистан мораше да фрли скоро 1.000 дози вакцини против коронавирус Спутник V откако некој го исклучил фрижидерот во кој се чувале вакцините, за да го наполни телефонот, објавија властите.

Вакцините беа дел од контингентот од 20.000 дози што Русија ги испорача како хуманитарна помош на таа сиромашна централноазиска земја.

Во Киргистан, кампањата за вакцинација започна во март, а руските вакцини беа попопуларни од кинескиот „Синофарм“.

Властите беа критикувани за инцидентот, кој стана познат дури оваа недела, а се случил во април во државната клиника во Бишкек.

Според зборовите на министерот за здравство, Алимкадир Беценалиев, некој од вработените во одржувањето би можел да биде одговорен за таа грешка.

„Ако некој од вработените е виновен, чистачката или некој друг, клиниката ќе мора да одговара парично“, рече министерот пред новинарите.

Слични содржини