Го исполнивме ветеното – минималната плата ќе изнесува 20.175 денари, порача Ковачевски

од Nikola Popovski
189 прегледи

Донесовме одлука и го исполнивме ветеното за зголемување на минималната плата. Почнувајќи од април, минималнатта плата во земјава ќе биде повисока за 2175 денари и од 18.000 денари ќе се покачи на 20.175 денари. Ова значи над 12% зголемување на основната плата. Секој работник следниот месец ќе ја зема оваа плата како минимална. Вака информираше денеска премиерот Димитар Ковачевски pо денешната седница на Економско-социјалниот совет во Владата.

Ковачевски нагласи дека линеарно ќе се усогласат платите на 27.000 работници, како и во другите сектори каде што законите се усогласени со Законот за минимална плата.

-Се покажа дека со системски решенија се гради вистинско партнерство меѓу Владата, работодавачите и синдикатите и тоа е начинот за зголемување на платите и стандардот на граѓаните, додаде премиерот.

Слични содржини