Англичанката Нина Фаруки била воодушевена кога нејзината пријателка освои два билети за полуфиналниот натпревар помеѓу Англија и Данска (2:1), но колку што уживала на тој натпревар, подоцна била шокирана.
Нина од Брадфорд во близина на Лидс требала да работи тој ден. Веднаш ѝ било јасно дека не може да добие слободен ден „само“ поради натпреварот, па решила да му се јави на својот шеф и да му соопшти дека е болна.
Мислела дека лесно ќе се вклопи во 60.000 обожаватели и дека никој нема да ја забележи, па решила да го излаже својот шеф.
Сè одело според планот се додека режисерот на преносот не ја покажал токму неа како го прославува голот на Англичаните за израмнување.
Следното утро заѕвонил телефонот, а од другата страна на жицата бил шефот.
„Ова е возбудливо време за сите во Англија и би ги охрабриле сите да одат на ваков важен натпревар доколку имаат шанса. За жал, во овој случај, нашата работничка излажа дека е болна и со тоа го прекршила договорот за вработување. Немавме друг избор освен да ја отпуштиме. Нашата компанија, како и многу други во Англија, ќе им даде на своите вработени слободен ден во понеделник, така што сите ќе можеме да се опоравиме од, се надеваме, големата прослава по победата на Англија“, рекол нејзиниот шеф Чарлс Тејлор.
Фаруки вели дека не жали и не би променила ништо.
„Ми рекоа дека ме виделе на натпреварот и јас искрено им реков зошто го сторив тоа, но тие не сакаа да ми простат. Тоа е нивна одлука и последица на мојот потег. Малку ми е жал за тоа, никој не сака да биде отпуштен, но уште повеќе ќе жалев ако ја испуштев оваа можност. Ако можам, повторно би го сторила истото“, изјавила Нина за „Дејли телеграф“.