305
Полицијата во Филаделфија извести дека неверојатно е што маж (27) преживеал најмалку 15 куршуми и притоа сам дошол во болница по помош.
Пукањето почнало околу пола час по полноќ во Кенсингтон. Кога полицијата дошла на лице место пронашла 23 чаури.
Потоа примиле повик дека во болницата Темпл дошол маж со голем број на прострелни рани.
„Ова биле куршуми со голем калибар“, изјави главниот инспектор Скот Смол.
Американецот е опериран во петокот и бил во критична состојба, но се очекува да преживее.
„Фактот дека е ранет толку пати и дека сам дошол до болница е неверојатно“, додава Скот.