Го крчмите мојот имот без око да ви трепне, порачува Костовски

од Nikola Popovski
231 прегледи

Го крчмите мојот имот без око да ви трепне. Предупредувам дека мојата војна против организаторите на овој криминоген чин ќе оди до крај, вака реагира бизнисменот и поранешен директор на сега пропадната Еуростандард банка, Трифун Костовски по објавите дека македонската компанија „Пантелеон ГС“ победила на наддавањето на третата по ред електронска аукција и понудила најмногу за зградата на Еуростанард.

Тој порачува дека зградата на бившата Еуростандард банка по ниту еден параметар не смее да биде подолу од 12 милиони евра.

-Предупредувањето го упатувам до Стечајниот управител Саздовски и Одборот на доверители на Еуростандард банка. Немојте да дозволите да процедурално помине криминоген чин во обезвреднување на туѓиот имот за сметка на поединци и групи.

Самиот манипулативен чин за ефтино купување на мојот имот е ваш потег да го обезвредните собраниот капитал во стечајната маса и со тоа на јавноста да докажете дека јас и моето семејство сме виновни доколку не се соберат средства за обештетување на правните, физички лица и нас, акционерите, предупредува Костовски.

Слични содржини