Откако во медиумите се појавија информации дека најблиското семјество на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, акумулира сериозен недвижен имот во државава се поставува прашањето дали на тој начин, Мицкоски се обидува да сокрие од јавноста што и како поседува.
„Индекс.мк“ објави дека Мицкоски купил и реновирал куќа во населбата Козле која вреди над еден милион евра, меѓутоа наместо на негово име таа е регистрирана на името на неговиот зет за сестра.
Претходно и порталот „Инфомакс“ објави дека таткото на Христијан Мицкоски располага со три стана во Скопје и еден во Охрид.
По ваквите објавени информации во јавноста се поставува прашањето дали со регистрирање на имотите на членови на неговото семејство Мицкоски се обидува да сокрие што и колку поседува со цел да не одговара за потеклото на овој имот.