Го купи првиот објавен твит за 2,9 МИЛИОНИ долари, па го спореди со Мона Лиза

од Nikola Popovski
377 прегледи

Купувачот на првиот твит објавен од основачот на оваа социјална мрежа, Џек Дорси, процени дека 2,9 милиони долари што ги платил за твитот биле мудра инвестиција.

„Тоа е дел од човечката историја во форма на дигитален медиум. Кој знае колку ќе вреди првиот твит во историјата на човештвото за 50 години “, рекол Сина Естави, споредувајќи го твитот со Мона Лиза на Да Винчи.

Експертите се согласуваат и со Естави, кој смета дека првиот твит на основачот на Твитер на неговата платформа е вредна монета.

Твитот на Џек Дорси „Just setting up my twitter“ беше објавен на 21 март 2006 година и беше ставен на аукција за да се собере средства за хуманитарна група од Африка.

Естави, кој е извршен директор на компанијата за крипто валути „Bridge Oracle“, го купи твитот користејќи „етереум, ривалската монета на биткоин. Твитот бил продаден како NFT токен, единствен дигитален сертификат во кој се наведува кој е сопственик на фотографијата, видеото или друга онлајн форма.

Слични содржини