Го молат Ѓоковиќ да помогне во ослободување на момче од Израел

од Vladimir Zorba
2,4K прегледи

Амбасадорот на Израел во Србија, Јахел Вилан, преку социјалните мрежи побара од Новак Ѓоковиќ да помогне во ослободувањето на израелското момче за кое вели дека било киднапирано од Хамас.

„Ова израелско момче по име Охад е ваш голем обожавател. Тој многу го сака спортот и игра тенис неколку пати неделно. За жал, повеќе не. Тој беше киднапиран од терористите на Хамас на 7 октомври. Денеска е неговиот 9-ти роденден и веројатно е сам во некоја темна соба во Газа. Ќе ве замолиме да му испратите роденденска честитка и да го поддржите безусловното ослободување на сите заложници што ги држи Хамас, вклучително и повеќе од 30 бебиња и деца!“, сподели амбасадорот на социјалната мрежа Х.

Слични содржини