Само неколку недели откако претседателот на Барселона, Жоан Лапорта успеа да го убеди Чави Ернандез да остане во клубот, шпанските медиуми пренесуваат дека шпанскиот тренер сепак ќе го напушти „Камп Ноу“ на крајот од сезоната, бидејќи Лапорта ќе му даде отказ!
Кога во јануари објави дека заминува, долго се зборуваше за одлуката на Чави. Претседателот на клубот изјави дека прави се што е во негова моќ за да ја задржи легендата на Барселона на клупата, а неодамна успеа да ја промени својата одлука.
Иако Чави во текот на целата сезона често велеше дека неговото мислење нема да се промени и дека нема да остане во каталонскиот клуб, сепак разговорите со претседателот на клубот донесоа поинаков исход. Сепак, на крајот Лапорта ќе го отпушти шпанскиот тренер од клубот.
Имено, на претседателот не му се допаднале изјавите на Чави за недостигот на финансиски средства и како тоа е главниот проблем кога се во прашање засилувањата за следната сезона. Тој исто така истакна дека се ќе биде исто доколку не се доведат доволно добри играчи и дека Барселона нема да може да се натпреварува со Реал Мадрид.
Се уште нема официјална потврда за разделбата на клубот и тренерот. Прашање е и кој ќе го замени. Се споменуваат имињата на Ханси Флик, Томас Тухел, но и Серхио Консеисао.