„Го мразам Манчини“: Поранешен англиски фудбалер со шокантна изјава

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Поранешниот англиски фудбалер Вејн Бриџ беше разочаран по победата на Италија во финалето на Европското првенство, но не само затоа што неговата земја загуби, туку и затоа што победи Роберто Манчини.

Италија стана шампион на Европа, го одигра најдобриот фудбал на ЕУРО, а заслугата за овој успех е првенствено на селекторот Роберто Манчини.

Неговиот поранешен играч од Манчестер Сити, Вејн Бриџ, и понатаму е убеден дека е „неук“.

Да потсетиме, Манчини не му даваше често шанса, па затоа е многу фрустриран од споменувањето на неговото име!

– Навистина ме боли затоа што го мразам Манчини, секој знае што мислам за него! Не би рекол дека тој е најлошиот тренер што го имав, но тактички не беше одличен. Она што тој го направи е добро и ме боли кога ќе го кажам тоа. Не само што сите во семејството навивавме за Англија, туку навивавме и за тоа да загуби Манчини, па сега се повеќе не боли – изјави поранешниот фудбалер.

Вејн Бриџ оспорува дека Манчини ја заслужил титулата од 2012 година, затоа што таа ја донесоа играчите, кои беа одлични!

Слични содржини