31-годишен малтешки државјанин вчеравечер бил ограбен од четворица напаѓачи во близина на Катлановска Бања, соопшти МВР.
„На 06.05.2022 во 23.15 часот во СВР Скопје, М.К.(31) од Малта, со престој во Скопје, пријавил дека околу 22.30 часот во близина на Катлановска бања четири лица го нападнале со остар предмет, му нанеле повреда и му одзеле пари. Се работи на расчистување на случајот“, велат од полицијата.