Легендарниот сер Алекс Фергусон, поранешен, но и најуспешен менаџер на сите времиња, се подготвува да постигне многу вреден вински гол.

Преку славната аукциска куќа „Кристи“, на аукциите во Лондон и Хонг Конг ќе бидат продадени речиси 500-тини кутии на многу вредни етикети од колекцијата на фудбалскиот стручњак, а голем дел од тие вина се пповрзани со неговите славни денови и големите успеси во кариерата.
Етикети на „Domaine de la Romanee-Conti“, но и бројни врвни вина и берби од Бордо од 1868 до 2011 година ќе се најдат пред љубителите на виното, трговци и фанови, а вкупниот приход кој се очекува ќе биде над три милиони фунти.
Шест шишиња на Romanee-Conti Grand Cru 1999, одат во пар со потпишан дрес на Манџестер кој е носен во финалето на Купот на шампиони кога беше победен Баерн од Минхен. Вакон колекционерски поклон пакет се очекува да достигне цена од 60 000 фунти.
Алекс Фергусон почна да се интересира и стана колекционер на вино во 1991 година, кога менаџер на некој хотел во Монпеље го запознал со културата на бордошките вина. Пред тоа, ретко купувал шише вино поскапо од 10 фунти.