Францускиот бренд за облека „Lacoste“, кој постои речиси 100 години, одлучи да го промени својот препознатлив амблем на крокодил во чест на Новак Ѓоковиќ.
Брендот основан од познатиот француски тенисер Рене Лакост го краси својот препознатлив амблем на крокодил речиси 100 години, но таму ќе се најде уште едно животно, барем привремено.
Станува збор за коза или јарец, кој на англиски се нарекува „GOAT“, а во исто време значи „Greatest of All Time“, односно најголем на сите времиња.
„Lacoste“, сосема јасно, сака да му оддаде признание на Ѓоковиќ за сите негови достигнувања во светот на тенисот и безусловно да го прогласи за најдобар тенисер на сите времиња, за што дефинитивно имаат основа.
Станува збор за претстојната колекција за Отвореното првенство на САД како посебен поклон кон кариерата на Ѓоковиќ.
Наместо крокодил, на новата колекција облека на „Lacoste“ ќе биде поставена коза. Ова е колекција во ограничено издание за да се прослави настапот на Ѓоковиќ на Отвореното првенство на САД.
„Неговиот успех досега е легендарен – тој ги сруши сите рекорди, ги оствари најголемите соништа. Од 2017 година, „Lacoste“ гордо го поддржува најголемиот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ“, се вели во соопштението.
Дваесет и четири гренд слем титули. Повеќе од само статистика – пресвртница засекогаш врежана во спортската историја. Како најодликуван играч во тенисот, Новак Ѓоковиќ стана глобална икона, додава францускиот бренд.