Го обожаваше Трамп. Која е жената која беше застрелана при упадот во Конгресот?

од Берта Китинска
360 прегледи

Американските медиуми го открија идентитетот на жената која беше застрелана синоќа за време на обидот да се пробие во Конгресната сала, каде се одржа седница за да се потврди победата на Џо Бајден на американските претседателски избори.

Тоа беше Ешли Бебит, ветеран на американското воено воздухопловство од Сан Диего, објави “Њујорк пост“. Пред упадот на Трамп во зградата на Конгресот, Ешли на својот Твитер профил напиша „Ништо нема да не спречи“ и „Бурата е тука“. Таа беше омажена и помина 14 години во американското воено воздухопловство.

“Целосно сум во шок. Никој од Вашингтон не му се јави на мојот син, дознавме на телевизија”, изјави за Робин Бебит, мајката на убиената жена.

“Ништо нема да нè спречи … Тие можат да се обидат, но бурата е тука и се спушта во Вашингтон за помалку од 24 часа … темнина во светлината”, напиша Ешли Бебит на својот профил на Твитер порано истиот ден. Само неколку часа пред нападот Бебит објави на Твитер листа на работи „мора да се направи пред Конгресот да се состане денес“

На нејзината листа беа оставката на потпретседателот Мајк Пенс и обвинението против него за предавство. Пенс не сакаше еднострано да ја одбие верификацијата на изборните гласови вчера, поради што Доналд Трамп го повика на Твитер.

Ешли Бебит беше застрелан за време на нападот во Конгресот и почина откако пристигна во болницата

Слични содржини