Го платија 100 милиони за да „грее“ клупа: „Ако си во форма ќе играш – ако не, седи со резервите“

од Nikola Popovski
259 прегледи

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино изјави дека украинскиот фудбалер Михаило Мудрик го загубил местото во стартниот тим поради неговата лоша форма, пренесуваат британските медиуми.

Украинецот во Челзи пристигна пред една година за околу 100 милиони евра со бонуси. Сепак, Мудрик постигна само четири гола на 41 натпревар за „Сините“ од Лондон.

„Многу е едноставно и се работи за формата. Ако сте во форма и ако ја задржите – ќе играте. Ако не ја задржите формата, одите на клупа. Мудрик сега е на клупата“, изјавил Покетино.

Мудрик оваа сезона беше во стартниот тим на Челзи само девет натпревари во Премиер лигата. 23-годишниот Харковец, кој дојде од Шахтјор, постигна два гола во октомври и уште два во декември, што е премалку за очекуваното.

„Мудрик има неверојатен потенцијал и квалитет и ние сме свесни за тоа. Сепак, фудбалот е тимска игра и тој мора да разбере некои работи. Ова не е тенис. Мора да се прилагоди на тимската игра, а за сето тоа е потребно време“, додал Покетино.

Фудбалерите на Челзи денеска на домашен терен играат со Вулверхемптон во рамките од 23. коло од Премиер лигата. Моментално на полувреме, резултатот е 1:2 за „Волците“.

Слични содржини