Го победи Реал Мадрид, па замина во војна против Русија!

од Nikola Popovski
315 прегледи

Украинскиот фудбалски тренер кој го предводи најпријатното изненадување оваа сезона во Европа, Шериф од Тираспол, Јуриј Вернидуб, наводно им се придружил на територијалните сили на неговата земја.

Стратегот на Шериф пред неколку дена побарал дозвола од клубот да го ослободи за да биде поблиску до семејството, за наскоро, наводно, да се приклучи на украинската војска во одбрана на својата земја.

Тој не е единствениот човек од сферата на украинскиот спорт кој се понуди да помогне, бидејќи тоа претходно го сторија браќата Кличко.

Вернидуб остана во посебно сеќавање на навивачите на Шахтјор и Реал Мадрид, кога успеаа да ги победат во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Имам жена, две деца, две внуци, браќа и сестри, се што сакам е војната да не ги допре“, изјави во четвртокот Вернидуб од Португалија, каде неговиот Шериф играше против Брага. „Веднаш штом ќе пристигнам во Молдавија, ќе ги замолам луѓето од клубот да ме пуштат дома кај моето семејство. Морам да бидам таму ако им треба помош. Горд сум на луѓето кои ја бранат нашата земја“.

Слични содржини