Го полните телефонот каде ќе стигнете? ФБИ има важно предупредување за вас

од Nikola Popovski
237 прегледи

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) апелираше до граѓаните да се воздржат од користење места или станици за полнење телефони на аеродроми, хотели и други јавни места, бидејќи постои ризик од злоупотреба и хакирање на уредите.

„Избегнувајте користење места за полнење на аеродроми, хотели или трговски центри. Постојат начини за јавно користење, односно злоупотреба на USB-портите за уфрлување вируси и софтвер на уредите“, велат од ФБИ.

Во соопштението се советуваат луѓето да понесат свој полнач и USB-кабел и да користат штекер.

ФБИ не е единствената федерална агенција која издаде предупредување за полначот на телефонот. Федералната комисија за комуникации (ФКК) исто така соопшти дека USB-портите може да се злоупотребуваат за да се внесат вируси во уредите на корисниците кои целосно не се свесни за тоа што се случува. Оваа тактика е позната како „juice jacking“.

Таквите вируси можат да обезбедат пристап до чувствителни податоци, вклучително и лозинки, кои може да се користат за различни форми на кражба на идентитет.

Одредени уреди, вклучително и некои iPhone-и, нудат заштита од „juice jacking“ со предупредување на корисниците за небезбедна или несигурна врска, но софистицираниот вирус може да ги заобиколи сите предупредувања.

Слични содржини