Го пријавиле како можен крадец, па пукал и кон полицијата и кон мештаните

од Milan1
19 прегледи

Во 15.13 во СВР Битола било пријавено дека во с. Долно Српци, Општина Могила имало непознато лице со патничко моторно возило марка „форд фиеста” без регистарски ознаки за кој пријавителот се сомневал дека е можен извршител на кражби кој во даден момент испукал со огнено оружје кон мештаните но не успеал да погоди никој.

-Во 17.00 часот во врска со пријавата, од страна на полициски службеници од СВР Битола било излезени на лице место при што возилото било пронајдено во атар на с.Долно Српци во нива, при што од возилото излегло машко лице кое почнало да пука кон полициските службеници, при што во еден момент, полициските службеници употребиле огнено оружје кон лицето и истото се здобило со повреди, информираат од МВР.

Од страна на екипа на Итна медицинска помош Битола лицето било пренесено во Клиничка Болница Битола за укажување помош. Имено, се работи за Г.П.(28) од с. Ангелци, Струмица.

Истиот бил контактибилен и е приведен во полициска станица Битола и по насока на Јавен обвинител се преземаат мерки за понатамошно постапување.

Слични содржини