Го пријавиле за исчезнат пред четири месеци, се појавил на „Табановце“ во обид да излезе од државата

од Nikola Popovski
27 прегледи

По речиси четири месеци откако бил пријавен како исчезнат, 28-годишник од Гостивар бил најден на ГП „Табановце“, при обид да ја напушти државата.

Гостиварецот бил пријавен за исчезнат во ПС „Кисела вода“.

-Вчера во 18.30 часот на Граничен премин Табановце, за излез од државата, со автобус допатувал С.С.(28) од Гостивар, со престој во Скопје, за кого на 04.04.2025 во Полициската станица Кисела Вода, неговиот татко пријави дека се оддалечил од семејниот дом, информираат од МВР.