Турските власти започнаа правна постапка против 30 лица поради објава на Твитер дека претседателот Реџеп Таип Ердоган наводно починал.
Во соопштението од полицијата се вели дека осомничените се под истрага поради објавите со хаштаг „олмус“, што е турски збор што во груб превод значи „мртов е“.
Тие би можеле да бидат обвинети за наводно ширење „дезинформации и манипулативна содржина“, како и за навреда на Ердоган, пренесува АП.
Твитовите уследија по зголемените шпекулации за здравјето на Ердоган по неодамнешното видео на кое се гледа како турскиот претседател се движи нестабилно и со потешкотии.