„Го пронајдовме само черепот“: Израелскиот претседател откри страшни детали за смртта на киднапираната Германка

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Израелскиот претседател Исак Херцог (63) во понеделникот во интервју за германски „Билд“ изјави дека Германката Шани Лук била брутално убиена откако Хамас ја киднапирал на фестивалот Супернова во близина на кибуцот Реим на 7 октомври и ја однел во Газа.

„Навистина ми е жал што можам да известам дека сега добивме информација дека е потврдено дека Шани Никол Лук е убиена. Пронајден е нејзиниот череп“, навел претседателот Херцог.

 

„Тоа значи дека овие варварски, садистички животни едноставно ѝ ја отсекле главата додека напаѓале, мачеле и убивале Израелци. Тоа е голема трагедија и изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство“, рече тој, додавајќи дека нејзиното тело дури сега е идентификувано и дека уште 40 тела чекаат идентификација, бидејќи луѓето биле брутално злоставувани, запалени или распарчени.

 

„Она што го видовме на границата Газа-Израел го надминува одвратното. Ја видовме кланицата. Видовме како крв тече по улиците. Ги видовме најстрашните трагедии што може да се замислат“, додаде тој во интервју за германски „Билд“.

Семејството на девојката која има германско и израелско државјанство денеска соопшти дека добило информација дека Шани е пронајдена мртва.

Да потсетиме, Шани го славеше животот со стотици млади Израелци на музички фестивал кога беа нападнати од милитантите на Хамас.

Хамас уби десетици посетители на фестивалот, а многумина киднапираше и ги одведе во Појасот Газа.

Истиот ден, Хамас објави видео на кое наводно се гледа Шани Лук во камион опкружена со борци на Хамас.

Таа лежела и била тешко повредена, додека околу неа членовите на Хамас го славеле нејзиното киднапирање.

Набрзо било пријавено дека таа е мртва, но нејзината мајка изјавила дека и кажале дека Шани е се уште жива, но тешко повредена.

Слични содржини