Го штити срцето, ги зајакнува коските: Ова е најздравото овошје!

од Stefanija Kuzmanovska
760 прегледи

Повеќето луѓе ги сакаат и често ги нарекуваат суперхрана. Тие се неверојатно добри за исхраната и здравјето. Станува збор за боровинките.

Зошто ова овошје треба да стане дел од вашето дневно мени?

1. Ги зајакнува коските
Тие се богати со калциум, железо, магнезиум, манган, цинк и фосфор, кои се клучни за здрави коски.

2. Нега на кожата
Антоцијанот во боровинките помага во борбата против оксидативното оштетување на ДНК, додека изобилството на витамин Ц е главен фактор за градење на колаген. Затоа, редовното консумирање може да помогне да се намалат знаците на стареење, брчките, старечките дамки и акните.

3. Го намалува лошиот холестерол
Истражувањата велат дека влакната и антиоксидансите можат да помогнат во растворање на лошиот холестерол. Студиите откриваат дека секојдневното консумирање боровинки во исхраната помага да се подобри крвниот притисок и артериската вкочанетост кај жените.

4. Го одржува здравјето на кардиоваскуларниот систем
Боровинките се состојат од полифеноли кои имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства и можат да придонесат за здравјето на срцето и да ги намалат другите проблеми со срцето. Тие можат да го регулираат и крвниот притисок.

Слични содржини