Го слушаат Путин и трупаат злато

од desk2
95 прегледи

Централната банка на Русија во декември додаде 300.000 унци (9,3 тона) злато во своите резерви.

Со тоа нивото на резервите е 1.838.211 тон, што е повеќе од 76 милијарди долари во монетарна смисла.

Според новите статистики, Русија во моментот е шести по големина сопственик на злато по САД, Германија, Италија, Франција и Кина. Аналитичарите велат дека ако продолжи овој тренд на купување злато, Русија ќе може да и го одземе петтото место на Кина уште во првиот квартал 2018 година. Кинеските резерви на злато изнесуваат 1.842 тони.

Русија со складирањето на овој благороден метал достигна цифра од рекордни 223 тони минатата година, со што во нејзини раце се 17,7 отсто од вкупните резерви. Од јуни 2015 година земјата собра повеќе од 558 тони злато. Центраната банка двојно го зголеми темпото за купување злато, според податоците на Gold.org.

Зголемувањето на резервите злато во земјата е за да се постигне целта којаја постави претседателот Владимир Путин за Русија да стане помалку подложна на геополитички ризици. Купувањето злато од Русија порасна од 2000 година повеќе од 500 проценти.

Според официјалните податоци, Русија не е само најголем купувач на злато туку и трет најголем светски производител, а централната банка купува од домашни златари преку деловните банки. Само во изминатите 10 години земјата ископа повеќе од 2.000 тони злато, а се очекува годишното призводство до 2030 година да порасне за 400 тони.