Го снима последниот филм: Камерон Дијаз се повлекува од актерството

од Stefanija Kuzmanovska
188 прегледи

Актерката Камерон Дијаз, судејќи според се, засекогаш се повлекува од светот на филмот.

Камерон направи голема пауза од кариерата, мина осум години без да се појави на големото платно, по што неодамна се согласи да глуми во акционата комедија на Нетфликс „Враќање во акција“.

Меѓутоа, познатата актерка и понатаму останува на својата одлука засекогаш да го напушти актерството.

Така, според информациите кои ги пренесуваат светските медиуми, извор близок на актерката открил дека по завршувањето на снимањето таа повеќе нема да глуми.

Причината за тоа е бидејќи Камерон не сака повеќе да се одвојува од семејството, но и затоа што ѝ станало многу заморно деновите да ги минува на снимање. Исто така, се додава, таа не сака стресни ситуации и конфликти кои се случуваат многу често за време на снимањето.

Слични содржини