Го среди Скопје, па се зафати со „Ќосето“: Арсовска предлага нова локација за споменикот

од Vladimir Zorba
969 прегледи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за одредување нова локација на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето. Локацијата ќе се наоѓа на крстосницата помеѓу булеварот „Александар Македонски“ и булеварот „Беласица“ североисточно од кружниот тек, соопшти Град Скопје.

– Оваа точка што поскоро да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје, така што единствен начин да се исправи неправдата, е да се оддолжи на луѓето кои го дале својот живот за независна и суверена Република Македонија, како и да се паметат и чествуваат хероите од кои ниту еден не смее да биде заборавен, се наведува во соопштението.

Слични содржини