Го тераат Салах да се избричи, личел на терорист

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Еден египетски новинар побара од Мо Салах да ја избричи брадата. Во својата колумна во весникот „Al-Ahram“, Салах Монтасер објаснува дека со својот имиџ, фудбалерот на Ливерпул бил во ист кош со екстремистите и терористите.

Локалните навивачи сепак реагираа остро на социјалните мрежи, откако одговорија на новинарот дека Мо треба да биде оценуван врз основа на фудбалските вештини, а не според тоа како изгледа.

Првиот стрелец на Премиер лигата е веќе национален херој на Египет. Со негов гол, „фараоните“ се квалификуваа за учество на Светското првенство следното лето.

За последен пат Египет беше на Светското првенство пред 28 години.