Членовите на семејството на поранешниот руски затвореник Евгениј Нужин, кој пребегна во Украина откако беше регрутиран од приватната воена група „Вагнер“ поврзана со Кремљ, го изразија својот ужас од неговата егзекуција откако во петокот се појави застрашувачко видео на кое се гледа како повеќе пати го го удараат со чекан, пишува „Гардијан“.
Видеото од убиството на Евгениј Нужин беше кратко објавено во текот на викендот од Телеграм каналот Siva Zona, кој е поврзан со „Вагнер“. На видеото, Нужин е прикажан како лежи на подот додека непознат маж во маскирна облека го удира со чекан.
Нужин (55) отслужуваше 24-годишна затворска казна за убиство што го изврши во 1999 година, кога беше ослободен во јули и беше регрутиран во „Вагнер“, озлогласена воена група предводена од Евгениј Пригожин, моќен руски бизнисмен и близок сојузник на Владимир Путин. Нужин беше заробен од украинските војници во септември, а тој за медиумите изјави дека му се придружил на „Вагнер“ само за предвреме да биде ослободен од затвор, но дека цело време планирал да им се предаде на Украинците.
Horrible images of an execution of Yevgeniy Nuzhin by sledgehammer that Wagner group published yesterday signify that Russia has completely turned into a Nazi regime – it now has its own SS group as well.
Anything related to Wagner group should become untouchable and illegal. pic.twitter.com/rEyOFxjauf
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 13, 2022
Во интервјуата тој го критикуваше и руското раководство и изрази желба да им се придружи на украинските сили и да се бори против Москва.
Илија Нужин, синот на Евгениј, во понеделникот за „Гардијан“ потврди дека човекот на видеото е неговиот татко, но одби да коментира повеќе од безбедносни причини.
Во интервјуто кое го дал за руската организација за заштита на човековите права, Gulagu.net, Илија вели дека за смртта на татко му дознал на Интернет гледајќи видео кое го преплашило.
„Целото семејство во солзи го гледаше видеото. Го убиваа како животно“, изјавил Илија Нужин.
Засега не е јасно кој го снимил видеото, ниту како Нужин повторно завршил во Русија.