Грејси Кеј од Лидс работела во својот фризерски салон, но поради пандемија и „локдаун“, морала да ја затвори. Бидејќи тоа и бил единствениот извор на приход, еден пријател и препорачал да се регистрира на сметка на „OnlyFans“, а таа немаше идеја дека наскоро ќе стане еден од најплатените 18+ модели на таа платформа.
За само еден месец, Грејси заработи колку што заработила за две години како фризер, а сега, како една од најплатените во сајтот за возрасни, се пресели во Аликанте, Шпанија, каде планира да инвестира во недвижнини.
32-годишната девојка призна дека дури неодамна слушнала за страницата. Кога решила да ја испроба оваа работа, на почетокот, со свои зборови, „се чувствувала многу нервозно поради големата заработка“, но постепено се навикнала на сето тоа.
„Сега имам една од најпопуларните страници. Понекогаш треба да се штипнам. Досега заработив 800,000 долари, и верувам дека ќе го имам првиот милион до следниот месец“, вели таа.
Грејси истакнува дека таквата сума за неа е сè уште нереална, како и дека се надева дека ќе може да се повлече за три години.
„Мојата цел е да имам добро портфолио на недвижнини за три години – без разлика дали купуваме, завршуваме и продаваме или купуваме и изнајмуваме викендички. Се надевам дека ќе заработам доволно кога кога ќе наполнам 35 години, ќе можам да заминам во пензија со тој приход – тоа е мојата крајна цел“, заклучи таа.