ГО ЗГРЕШИЛЕ ОБЈЕКТОТ: Вооружени војници на НАТО упаднале во бугарска фабрика, вработените преплашени

од Stefanija Kuzmanovska
342 прегледи

Вработените во фабриката за производство на сончогледово масло во бугарското село во близина на Пловдив биле цел на војници на НАТО кои за време на воена вежба по грешка упаднале на нивното работно место.

Станува збор за маневрите „Swift response 21“ во кои учествуваа американски, италијански и бугарски војници. Според сценариото, војниците требало да бидат на напуштен аеродром. Меѓутоа, постои фабрика веднаш до аеродромот.

Група војници вооружени со митралези ја прескокнале оградата и упаднале во фабриката. Двајца работници од фабриката изјавиле дека војниците им наредиле да седнат, а потоа се поделиле во групи и ги обиколиле сите простории на фабриката, пренесе ТВ „Нова“.

„Беше страшно. Бев многу исплашен и не знаев како да реагирам. Се тресев од страв“, рече еден работник.

Инцидентот се случил на 11 мај за време на воените вежби на НАТО.

Слични содржини