Гордана Гоџо, претседателката на здружението „Од нас за нас“,преку социјалните медиуми демантраше дека на вчерашниот антиваксерски протест во Скопје кажале дека „докторите се убијци“ и дека „се работи за медиумска конструкција“ со цел нарушување на нејзиниот углед.
„Сепак, прегледувајќи го видеото со мојот говор, иако јас НЕ сум изговорила такви зборови, забележав дека на мојот говор во моментот кога ги спомнав докторите, публиката меѓу другото ги извикувала и зборовите „убијци“, поради што дел од јавноста разбрала дека истите се однесуваат на докторите, а не на оние кои дадоа повод за овие протести..
Затоа, јавно сакам да се извинам на целата јавност и пред сè на докторите кои се чувствуваат повикани во конкретната снимка и да кажам дека иако во такви околности скоро невозможно е да се контролира публиката, сепак чуствувам морална одговорност да го сторам ова“, вели таа.