Денеска се навршува една година од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово во која животите ги загубија 14 луѓе, од кои 12 биле пациенти, а двајца роднини на пациентите.
На 10 септември, два дена по пожарот, оставка дадоа министерот за здравство Венко Филипче, заменик-министерот Илир Хасани, директорот на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор на болницата Артан Етеми.
На првата годишнина од пожарот познати се само причините кој довел до трагедијата, односно краток спој на продолжен кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот.
За настанот обвинети се четири лица, 3 физички и едно правно, поточно тетовската градска болница.
Судот на 16 август сооопшти за кои дела се осомничени двајцата директори, докторот како и Клиничката болница. Првото рочиште беше одложено за 14 октомври поради отсуство на двајца од обвинетите.
Поранешниот директор на болницата Флорин Бесими и поранешниот економски директор Артан Етеми се обвинети за „тешки дела против општата безбедност“ и „поттикнување општа опасност“.