Годинава двапати се зголемија платите – буџетот не дозволува повеќе, велат од МЗ

од Nikola Popovski
305 прегледи

Годинава двапати веќе се покачуваат платите на здравствените работници, велат од Министерството за здравство како реакција на одлуката на Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР) за предупредувачки протест во четврток 19-ти октомври. Како што наведуваат здравствените власти, платите се покачија во првата поливина на годинава за 2000, 2500 и 3000 за три различни групи здравствени работниици.

-Сега на 9 октомври имаше ново покачување од 10%, плус договорена е исплата на регрес на крајот на годината. Апсолутно сметаме дека покачувањето е значајно и министерството за здравство и министерот д-р Меџити од преземањето на функцијата силно се залага за подостоинствен приход, а двете покачувања се резултат меѓудругото и на оваа заложба, соопштуваат од ресорот здравство.

Потврдуваат дека можностите и буџетот не дозволуваат повеќе за покачување.

-Министерството веќе одржа повеќе состаноци со синдикатите каде беше разговарано на оваа тема при што детално им беше образложен пристапот на Владата и Министерството на здравство во однос на покачувањата, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Барањата на здравствените работници се зголемување на платите за 30%, нов колективен договор, бенефициран работен стаж, зголемување на инфективниот додаток од 1 на 4% и трансформација на определено работно со неопределено.

Слични содржини