Годинава можно е да се зголеми стандардот за увоз на возила

од Берта Китинска
492 прегледи

Од министерствот за економија најавија дека годинава се планира да се забрани увозот на возила под ЕУРО 5 стандард .

„Оваа година би требало да се зголеми стандардот за увоз на возила во нашата држава. А, во однос на мерки ние веќе спроведуваме неколку мерки за вградување на плински уреди во возилата“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Бектеши вели дека се бараат средства за уште две мерки со едната би требало да им се даде директна финансиска помош на оние кои би ги замениле возила кои ги имаат, а кои се под еуростандард 4, со возила со евростандард 5 или 6. Втора мерка, за која се уште не се обезбедени средства, е субвенционирање на купување на хибридни возила.

За 50 отсто се намалини трошоците за регистрација на возила со странски таблички. Сопственикот на возилото има обврска да ги има платено сите царини и даноци кон државата во рок од шест месеци од денот на влегувањето на сила на овој Закон.

Слични содржини