Годинешната Евровизија под слоганот „обединети од музиката“, објавено и логото

од Nikola Popovski
144 прегледи

Годинешниот Евросонг, кој ќе се одржи во Ливерпул, ќе го носи слоганот „обединети од музиката“, додека на логото се прикажани две срца како чукаат заедно.

Како што пишува Би-Би-Си, логото ги отсликува корените на фестивалот, кој е дизајниран да ја обедини Европа.

Поради ситуацијата во Украина, овогодинешниот избор за песна на Евровизија ќе се одржи во Ливерпул, иако на минатогодишниот натпревар победија украинските претставници Калуш Оркестар.

Знамињата на Велика Британија и Украина послужија како инспирација за логото.

Полуфиналето на овогодинешната Евровизија ќе се одржи на 9 и 11 мај, додека финалето на 13 мај.

Слични содржини