Годишна претплата за новите корисници на платформата X во Нов Зеланд и Филипини

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Социјалната мрежа X (порано позната како Twitter), која е во сопственост на Елон Маск, нема да биде бесплатна за новите корисници во Нов Зеланд и Филипините – за време на новиот пробен период, годишниот пристап до клучните функции ќе чини еден долар.

Ова ја вклучува можноста за твит, ретвит, објавување и одговарање на други објави.

Оние кои се отпишуваат ќе можат само да читаат објави, да гледаат видеа и да следат други сметки.

Претставници на платформата X велат дека воведувањето на овој новитет има за цел „да го намали бројот на несакани пораки, манипулации и активности на ботови“.

Новите сметки, исто така, ќе треба да потврдат телефонски број, иако Маск рече дека сè уште ќе биде бесплатно да се создаваат профили „само за читање“.

Во септември тој објави дека сите корисници на платформата X можеби ќе треба да платат за пристап.

Откако Маск го купи Twitter за 44 милијарди долари минатата година, компанијата бележи постојан пад на приходите.

Претплатниците имаат подобрени услуги, наречени X Premium, како што е можноста да пишуваат подолги објави и да имаат поголема видливост на платформата.

X Premium моментално чини осум долари месечно во Америка.

Цената варира во зависност од земјата во која се наоѓа претплатникот, додека другите корисници сè уште можат да го користат X бесплатно.

Еден од ризиците за воведување претплата за користење на платформата е загубата на корисници.

Тоа би можело да ја намали заработката од рекламирање, кои во моментов го сочинуваат огромното мнозинство од приходите на компанијата.

Слични содржини