Годишнина од смртта на Академик Серафимовски

од Берта Китинска
255 прегледи

На денешен ден пред 5 години почина Академик Томе Серафимовски, познат македонски скулптор.

Серафимовски има создадено над 550 скулптури во бронза, мермер, оникс и дрво. Од нив, околу 250 се одделни портрети, повеќе од 170 актови, 100-тина скици, минијатури, идејни решенија од областа на ситната пластика, над 15 скулптури со анимални сцени, околу 10 торза и релјефи.

Реализирал и 40-тина споменици и спомен-обележја кои се наоѓаат на просторите на Република Македонија, на поранешна Југославија и во светот.

Во текот на 60 години активно творештво, Томе Серафимовски учествувал на околу 300 групни изложби, а реализирал 40 самостојни изложби, во земјата и во странство.

За своето скулпторско творештво, тој е добитник на многубројни награди и признанија.