Белгискиот тенисер Давид Гофин е првиот финалист на Мастерсот во Лондон откако во првото полуфинале попладнево го совлада Рожер Федерер со 2-1 во сетови за 1 час и 45 минути игра.

Гофин воедно ја постигна првата победа над Федерер во нивниот седми меѓусебен меч.

Првиот сет го доби Федерер со 6:2 во гемови, а во следните два подобар беше Гофин со 6:3 и 6:4 во гемови.

Негов ривал во утрешното финале ќе му биде подобриот од второто полуфинале кое се игра вечерва од 21 часот меѓу Григор Димитров и Џек Сок.

Слични содржини