225
На лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски му остануваат уште дваесетина дена за да ја одлежи казната која му беше пресудена во процесот „Поткуп“. Беше осуден за наводно примање мито за време на последните парламентарни избори.
Денешното рочиште за случајот „Ровер“ на Бошкоски беше одложено. Ова е трет пат како му се суди на Бошкоски за овој случај. На два пати беа носени пресуди и истите беа укинати од Апелација. Процесот е презакажан за 11 дена.
Што откриваат „Панамските документи“ за Македонија !
На деношното судење покрај големиот број роднини, пријатели и партиски другари, на Бошкоски дојде да му даде поддршка и Гојко Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.