Ѓоковиќ даде неочекуван одговор на прашање за Надал и Федерер

од Stefanija Kuzmanovska
391 прегледи

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на светот, лесно помина во втората рунда на Ролан Гарос со победа над Тенис Сандгрен со 6: 2, 6: 4, 6: 2, а по мечот „избегна“ едно прашање во врска со Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Ѓоковиќ ја заврши работата во првото коло за само два часа игра и со тоа по 17-ти пат успешно ја надмина оваа рунда на натпреварување во Париз.

Во втората рунда тој ќе се соочи со Уругваецот Пабло Куевас, а по волја на ждрепката, тој може да го вкрсти рекетот со преостанатите членови на „големата тројка“ уште пред финалето.

Беше прашан „Како му изгледа што се наоѓа во истиот дел на ждрепката со Надал и Федерер“, а тој реши да го „отфрли“ прашањето.

„Никако ништо не ми изгледа. Ми изгледа само утрешниот ден, закрепнувањето, тренингот, работа на специфични детали што можам да ги подобрам, одржување ритам што ме задоволува. Сега, фокусиран сум само на следниот ривал – Куевас, специјалист за ваков тип на подлога и многу незгоден противник“, рече Ѓоковиќ.

Тој подвлече дека во овој момент размислува само за првиот следен натпревар и за Куевас.

Слични содржини