Ѓоковиќ доби златник и монографија на градот Сараево

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на Градскиот совет на Сараево, Јасмин Адемовиќ, му подари на Новак Ѓоковиќ, кој веќе неколку дена престојува во Босна и Херцеговина, златник и монографија од градот Сараево.

Адемовиќ, во друштво на еден од најдобрите тенисери во Босна – Алдин Четкиќ, го пречека првиот тенисер на светот пред Градот Сараево.

По тој повод, Адемовиќ му подари на Србинот златник на Градот Сараево, како и монографија за градот.

Накратко се дискутирало за можната организација на хуманитарен тениски натпревар во главниот град на БиХ, пренесе „Аваз“.

Слични содржини