Ѓоковиќ донесе одлука што ги разочара фановите

од Nikola Popovski
483 прегледи

Новак Ѓоковиќ нема да настапи на Роџерс купот, турнирот од сериите Мастерс што се игра во Торонто оваа година.

Српскиот тенисер мораше да се откаже од турнирот бидејќи неговиот почеток се совпаѓа со крајот на турнирот во Токио.

Ова е само уште една потврда дека Новак дошол во Јапонија со намера да отиде до крајот и дека не му е потребен резервен план.

Покрај него, се откажаа и Доминик Тим, Дејвид Гофан и Станислас Вавринка.

Засега, само Ѓоковиќ откажал поради Олимписките игри.

Во првото коло на Олимписките игри во Токио, Ѓоковиќ игра утрово против Хуго Делијан.

Слични содржини